Филипче дециден детската кардиохирургија останува кај Жан Митрев

Министерот за здравство Венко Филипче не е загрижен за шпекулациите дека вработените кои од Клиниката за детска хирургија се префрлија во приватната болница на Жан Митрев може да си поднесат оставки бидејќи не се задоволни од условите за работа.

-Детската кардиохирургија останува во приватната болница, кој не е задоволен може да си оди, ќе дојдат други луѓе. Луѓето таму преминаа по сопствена волја – вели Филипче.

Пред неколку месеци лекари и медицински сестри се префрлија во приватната болница со цел таму да се изведуваат кардиохируршките операции кај најмалите деца. За ова приватната болница доби буџет од милион евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот