Филипче: Децата од Гевгелија немаат ковид, туку обична вирусна инфекција

Венко Филипче, министер за здравство. / Фото: Слободен печат

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека кај децата од Гевгелија со симптоми на респираторна инфекција е утврдена обична вирусна инфекција, која нема никаква поврзаност со Ковид -19 посочувајќи дека e утврдено оти ниту едно од педесетте деца немало антитела на коронавирусот.

Филипче потенцира дека зголемениот број случаи е резултат на разбудениот имунолошки систем по изолацијата за време на пандемијата.

– Станува збор за вирусна инфекција, тоа што сакавме да потврдиме односно исклучиме е тоа дали има некаква врска со ковид, затоа кај сите деца се направи серолошка анализа на крвта за да се види дали имаат антитела и дали во изминатава година го поминале ковидот асимптоматски. И тоа не е случај. Ниту едно дете нема антитела за прележан ковид и вториот момент кој се испитуваше беше зошто сега во толкава бројка и во еден регион. Но, по информацијата дека има зголемена бројка на деца и во болницата во Козле, очигледно дека имуниот систем сега на некој начин проработува поради тоа што подолго време биле изолирани дома и сега децата доаѓаат во контакт со предизивикувачи и на тој начин реагира имуниот систем. Значи нема никаков простор за паника, битно е дека нема никаква врска со ковидот, со имунитет, реакција, така да е обична вирусна инфекција, рече Филипче при посетата на Клиниката за неврохирургија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот