Филипче: Да им помогнеме на децата здрави и безгрижни да ги остварат своите соништа

Венко Филипче Светски ден на децата
Фото: Фејсбук, Венко Филипче

Здравјето на децата секогаш е на прво место. Да им помогнеме здрави и безгрижни, да ги остварат своите соништа, порача министерот за здравство Венко Филипче по повод Светскиот ден на детето.

Министерот во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук потсети на заложбите на Министерството за здравство за подобрување на здравствениот систем во изминатиот период.

– На Клиниката за детски болести реновиравме бројни одделенија – за интензивна нега, за неонатаологија, хематоонкологија, а сега во тек е целосното инфраструктурно обновување на одделението за онкологија каде се лекуваат најтешко болните деца. Воведовме нова бесплатна терапија за децата со ретки болести. На Клиниката за хематологија изминативетри години со алогена трансплантација беа лекувани деца постари од 10 години. Овие деца претходно, за ваков тип лекување се упатуваа во странство, истакна тој.

Додаде дека се набавуваат сензори за мерење на гликемија кај деца, а обезбедивме и најнова инсулинска терапија за децата со дијабет, како и дека унапредувањето на Клиниката за Гинекологија и акушерство спасило многу млади животи.

Министерот информира дека од 2016 година до денеска, смртноста кај предвремено родените бебиња е намалена од 25 отсто на 8,9 проценти, односно за цели 16,1 проценти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот