Филипче: Целосно сум посветен на решавање на проблемот со коронакризата, засега нема препорака за дополнителни рестриктивни мерки

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема партиска агенда за изборната кампања и дека е целосно посветен на справувањето со коронакризата. Вчера во Штип ја промовирал Програмата за избори пред граѓаните зашто бил дел од тимот на СДСМ што ја креирал.

Активностите како вчерашната, Филипче, како што напомена, ги врши надвор од работно време.

-Не, апсолутно сакам да кажам дека немам партиска агенда за оваа кампања за изборите. Вчера бев во Штип и таму се промовираше Програмата за избори. Меѓутоа, јас таа Програма ја пишав заедно со тимот и сметам дека е најсоодветно јас да ја претставам пред граѓаните. Во таа смисла и видеото, а сите овие активности ги правам надвор од работно време, сé заради тоа што, сепак, навистина многу инвестиравме и направивме во здравствениот систем. Сметам дека и на здравствените работници им значи да видат како ова политичка опција досега со многу внимание и огромни инвестиции ги зголеми платите, бројот на јавно-здравствените установи, ја зголеми пристапноста до лекови, квотите, партиципацијата,… Но, апсолутно сакам да кажам дека целосно сум посветен на решавање на проблемот во врска со коронакризата, немам партиска агенда, немам средба ни со граѓани, ниту работам на терен. Овој мал дел од времето беше посветено само за оваа цел, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за белодробни заболувања – Козле.

Интензивно ја следиме ситуацијата во однос на отворањето на границите и интензивно разговараме билатерално со претставници на околните земји, но засега нема препорака која би потекнала од анализа на нашите случаи дека би вовеле некакви дополнителни рестриктивни мерки, изјави Филипче.

-Бројот на заразени во градот Скопје е во континуиран пад, но имаме нови случаи во други градови, во околината на Тетово и на Гостивар, во Штип не многу, но се уште има, како и во Ресен и Битола. И тоа се уште ја одржува бројката на заразени нешто повисока. Факторот на преносливост вчерашниот ден заклучно со викендот кога ги правевме последните анализи е под единица и многу е битно така да опстане. Апсолутно сите случаи се резултат на непочитување на мерките. Мора сите да сфатат дека само така ќе се извлечеме од оваа криза, рече министерот.

Слична е ситуацијата, вели Филипче, и во регионот, за што, вели, имаме информации од соедните земји дека бројот на случаи е во пораст.

-Така е секаде каде што се попуштаат рестриктивните мерки, а не се почитуваат превентивните мерки. Во таа смисла, навистина е многу битно граѓаните да сфатат дека мора да се носат маски, да не се прекршуваат правилата. Само така за пократко време ќе се спречи трансмисијата на вирусот. Од друга страна анализирајќи ги посебните градови и општини препорачуваме и посебни мерки. На пр. затворањето на повеќе конфекции во Штип сериозни влијаеше на намалувањето на факторот на преносливост, потоа затворање на неколку фабрики во Ресен, веројатно ќе беше бројот на заболени повисок, така што интензивно ја следиме ситуацијата во однос на отворањето на границите. Како една од последните земји што ги отвори границите, сепак и ние сакаме да бидеме внимателни, рече Филипче.

Тој потенцираше дека има интензивни билатерални разговари со претствници на околните земји. Засега, нагалси, нема некаква најава од наша страна во смисла на препорака, а која би потекнала од анализа на нашите случаи дека би вовеле некакви дополнителни рестриктивни мерки.

-Вирусот е тука, нема да замине само со почитување на превентривните мерки ќе се извлечеме од кризата, порача Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот