Филипче: Целосна забрана за движење во Скопје и сите скопски општини (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Комисијата за заразни болести правеше анализи, при што се евидентирани многу прекршувања на мерките, со групирања на семејни прослави, без носење заштитна опрема, па поради тоа Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција, која се одржа во Владата.

-Се воведува целосна забрана за движење во Скопје со сите скопски општини, Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро, во останатите градови се забранува движење од четврток во 16 часот до понеделник во 5 часот наутро- рече Филипче.

Петок петти јуни се прогласува неработен за сите граѓани.

-Во перидот од четврток од 21 часот до понеделник 8 јуни до 5 часот се забранува посета на гробиштата освен во случај на погреби- рече Филипче.

Аптеките ќе работат непречено, како и здравстевените установи.

Отстапките за од овие забрани се однесуваат за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Остануваат на важење сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.

Прошетката на милениците ќе биде во веќе востановените термини во периодите 08:00 до 8:30, 15:00 до 15.30 и 20:00 до 20:30 часот.

Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Денеска во земјата се регистрирани 101 нов случај на ковид-19, од направени 974 тестови за 24 часа.

Предлог-мерките на Комисијата следат по зголемениот број новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот