Филипче: Бројот на испишани пациенти на Клиниката за инфективни болести е поголем од приемите

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Изминатите нeколку денови се намалува бројот на приеми споредено со тоа што беше пред десеттина дена кога имаше огромен број пациенти кои доаѓаа во болница и тогаш немаше пациенти кои се испишуваа. Вчера после долго време првпат бројот на испишани пациенти на Клиниката за инфективни болести е поголем од приемите, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставници на здруженија за ретки болести во Градскиот парк.

Посочи дека ги подготвуваат болничките капацитети како во однос на патеки за соодветен третман ако даваат и друга здравствена услуга, и потенцира дека прават проекција и за нови капацитети не само за сега, туку и за есенските месеци, кога е можен уште поголем притисок, тогаш и со друга патологија од сезонскиот грип.

Во врска со исполнетоста на капацитетите во јавните здравствени установи каде се примаат заболени од Ковид-19, министеот Венко Филипле рече дека триесеттина проценти е исполнет капацитетот на болницата во Козле, и има доволен број слободни кревети.

– Во Градската општа болница „8 Септември” работиме на системот на ротација на кадар. Полуисполнет е капацитетот во сите болнички одделенија ширум државата освен во Охрид и во Битола, каде има уште неколку слободни кревети, истакна министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање посочи дека со одлука на стручниот колегиум се одложуваат само хируршките интервенции на пациенти на кои тоа одложување нема да им ја влоши здравствената состојба.

Филипче најави дека деновиве ќе биде пуштен системот за закажување „МојТермин” во оние клиники и одделенија каде лекарите не ротираат.

– Во кој било момент ако одлучиме дека е потребна некаква рестриктивна мерка, дали е тоа рестрикција во движењето во кој било дел од земјава тоа ќе го препорачаме, заклучи министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот