Филипче: Болниците во добра состојба, има слободни кревети

Венко Филипче / Скопје, 29 јуни 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Состојбата во болницните е добра и има слободни болнички кревети, нагласи министерот за здравство, Венко Филипче по вечерашната седница на Владата на која, меѓу другото, се прифатија препораките на Комисијата за заразни болести за работата на угостителските објекти. Или поконкретно, се забранува гостување на пејачи и ди-џеи, јачината на музиката се ограничува на 55 децибели и на една маса ќе може да седат по четири лица, а не 12 како што беше досега.

– Притисокот врз болничките капацитети е намален во инфемктивните одделинија низ државата, освен во Скопје каде до пред некоја недела се препраќаа сите пациенти, изјави Филипче за ТВ 21.

Но, и на скопските клиники, како што рече, капацитетите не биле преполни во ниту еден момент и нагласи дека околу 25 отсто од новозаболени лица со ковид-19 се асимптоматски.

– Мнозинството на пациенти е со лесна клиничка слика, а хоспитализирани се отприлика 15 отсто од дијагностицираните случаи“, додаде првиот човек на македонското здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот