Филипче: Благодарност до сите кои се вклучени во процесот на вакцинација

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче денеска беше во посета на ванкциналниот пункт во СЦ Борис Трајковски а причината на посетата беше донацијата на 4680 Фајзер вакцини од Европската унија. При посетата се заблагодари за нивното придоенесување во надминување на пандемијата.

,,Составот на сите кои се вклучени во процесот на вакцинација е многу поголем од она што се гледа. Студенти по медицина и фармација, доктори, медицински сестри, волонтери од Црвениот крст. Во мое име и во име на премиерот Зоран Заев, Ви благодариме што секојдневно придонесувате до надминување на пандемијата.” напиша Филипче на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот