Филипче бара од опозицијата да ја поддржи изградбата на нов Клинички центар

Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче апелира до опозицијата да се приклучи и да го поддржи Предлог-законот за изградба на нов клинички центар во Општина Ѓорче Петров, бидејќи, како што вели, тоа е во интерес на граѓаните.

– Сметам дека веќе сме стигнати во фаза во која се гледа резултатот и ќе имаме најискусни европски компании кои ќе ни пружат експертиза и искуство во градењето на новиот клинички центар. Имаме изготвено физибилити студија што беше ревидирана, благодарение на донацијата на австриската Влада. Го идентификувавме земјиштето во Општина Ѓорче Петров заради тоа што е целосно државно за разлика од она што беше иницијално предложено во Злокуќани, каде ќе навлезевме во многу имотноправни односи заради тоа што имаше и приватни парцели, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање пред Министерството за здравство.

Тој потсети дека веќе е започната постапката за т.н. конкурентен дијалог на која се пријавија повеќе компании. Првата фаза ја поминаа две компании и се квалификуваа за втората фаза за преговори. Тоа, како што рече министерот, се двете најголеми компании во Европа со експертиза и искуство во градењето на болници – француската „Буик” и германската „Вавет”.

– Гледајќи дека секоја од компаниите има експертиза во различно поле во градењето на болниците – француската во градежните работи, а германската во опремување и менаџирање. Наша идеја беше да се донесе специјален закон во кој ќе им дозволиме да дадат заедничка понуда за што двете компании се согласни, а при тоа, во исто време, да регрутираме и независен финансиски ревизор – европска компанија со искуство во таа област за да направи проценка на понудата која ќе се даде. Тоа беше ставено во Предлог-законот, разговаравме со опозицијата и предлагавме повеќе време да траат разговорите, да се приклучат и да не го блокираат процесот на носење, потенцира Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот