Филипче: Апсолутно има пари во здравствениот систем за тестови затоа што тоа е приоритет (ВИДЕО)

Во однос на тестовите има сосема доволна бројка, доволна количинина за да се спроведе оваа стратегија на населелнието, на пациентите, на луѓето кои развиле клинички симтоми, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

-Апсолутно има пари во здравстевениот систем за тестовите, затоа што тоа е приоритет. Ние можеме да ги издвоиме медицинските лица кои се позитивни на овој вирус, како посебна статистка. Во однос на заштитната опрема, сите јавноздравствени установи добија насоки, како треба да се користи, во кои услови, заштитната опрема. Ние имаме сериозна количина на залиха, таа резерва се надополнува.- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот