Филипче апелира: Целта на мерките не е полнење на кафичите и рестораните, ќе работат до 18 часот

Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција на која ги наведе сите новитети за моменталната состојба со коронавирусот во земјава.

„Вчера во текот на попладнето СЗО прогласи пандемија што беше очекувано. Јас имав разговор со регионалниот директор на СЗО за Европа, нема генерални препораки за било која земја, но има право да воведе автентични мерки како и до сега и секогаш во консултација со нив.

Од 9-те пациенти, 6 се во стабилана состојба, кај тројца од нив има лесно вошување на состојбата, поотежнато дишење, но се уште нема потреба од распираторна поддршка. Пациентите се над 65/6 години. Во текот на ноќта немаше, но утрово има пријавен пациент на Инфективната клиника, ги очекувам резултатите, ќе известиме кога ќе бидат готови.

Вчера беше назначена нова директорка на клинката на дерматологија. Сите колеги, пациенти имаат контакт со епидемиолозите. Никој од нив нема знаци на заболување.

Утрово на редовниот состанок со Комисијата за заразни болести, разгледавме низа дополнителни мерки. Имавме разговори и со колеги од Италија, кои укажаа дека во одредени делови во земјата, пред се во северните, дури после воведување на најригоризните мерки, повеќе нема регистрирано нови случаи. Затоа сега воведуваат и во другите делови. Тоа укажува дека треба да бидеме порадикални, како надополнување на мерките, а владата ги прифати.

Забрана на јавни и приватни собири. Кафетерии и ресторани ќе работат до 18 часот со преполовен капацигет за дистанца од метар ипол до два. Целта на мерките не е полнење на кафичите и рестораните.

Да се откажат сите кино проекции. Ова важи и за избегнување на масовни собири во кладилниците. Продолжување на терапија на хронични пациенти кои до сега требаше да одат на лекар специјалист од следните денови, ќе го прават тоа на матичниот лекар.

Ова нема да важи за ново дијагностицирани пациенти, кои мора да одат на лекар специјалист. Верските заедници да се придржуваат на мерките на претпазливост предложени од владата.

Во текот на денот ќе се презентира планот за финанскиска поддршка, доколку има потреба во согласност со динамика на одвивање на сите работи.

Во однос на цените на материјалите доколку се утврди неправилност, ќе ги превземеме сите мерки и санкции. Не е прифатливо, цената да се зголемува за 20 или 30 пати. Дел од аптеките каде се заврши проверката, покажаа дека увозните цени се зголемени.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот