Филипче: Апарати за дијагностика на вирусот во 16 болници, кои ќе добијат инфективни одделенија

Се зголемува бројот на болнички капацитети во сите 16 болници кои ќе добијат модуларни мини инфективни одделенија со цел тие со сега посебните објекти, да останат целосно „чисти” за да може нормалната патологија што се работи едноставно да не трпи и пациентите да можат да добијат здравствена услуга, како и да не се креираат листи на чекање. Ќе се инсталираат апарати за дијагностика во сите овие центри за брза дијагноза на вирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој во синоќешното гостување на емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија рече дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени установи за третман на пациентите со коронавирус.

Прочитајте и...  Спасовски: Нема толеранција за говорот на омраза, мора добро да се превенира

Посочи дека за секој еден пациент е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина.

– Сите врвни експерти во нашата држава се вклучени во лекувањето преку системот за консултација, па дури и физичко присуствуваа. И анестезиолозите по систем на ротација се присутни во одделенијата каде што се лекуваат пациентите од Ковид-19, кои се поставуваат на респираторна машина. Тоа се експерти со големо искуство во ракувањето со овие машини, затоа што тоа бара и одредено познавање на самата машина, но и во типот на лекување. Тоа лекување на пациент во интензивна нега на респираторна машина без разлика од која причина е – ќе кажам – медицина во мало. Тука се обединети знаења и искуства од многу специјалности, додаде Филипче

Прочитајте и...  Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на 2021 година

Прочитај повеќе

Холштајн: Сакаме првата Меѓувладина конференција да се одржи за време на германското претседателство со ЕУ

Слободен печат

Хрватска останува на словенечката листа на епидемиолошки небезбедни дестинации

Слободен печат

ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ НА ДЕЛО: Тројца полицијаци претепаа Роми во Битола (ВИДЕО)

В.Т.

ЕУ бара решителна борба против ковид-19 во вториот бран за да се избегне реприза на првиот

Слободен печат

Мицотакис со видео-порака до граѓаните: Целосен карантин не е опција

Слободен печат

Во Прилеп ситуацијата со ковид-19 сериозна, неопходна е монтажната болница

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Банкарските сметки на Навални се замрзнати

Слободен печат

Спасовски: Нема толеранција за говорот на омраза, мора добро да се превенира

Слободен печат

Скопје ќе стане центар за борба против лажни вести на јужното крило на НАТО

Лука Андреев

Мирен протест на учениците и просветните работници во Атина

Слободен печат

Заедницата на српски општини сè уште е камен на сопнување на Вучиќ и Хоти. Не знае дали следниот состанок во Брисел ќе се одржи

Илинка Иљоска

Падна договор: Нова депонија за Гостивар за пет години