Филипче: Антителата не се репер за тоа дали треба да се прими вакцина, два три месеци по прележувањето на Ковид-19 може да се прими

Фото: facebook/printscreen

 Антителата како количина не се репер за тоа дали треба да се добие вакцина или не, односно нема долна граница. Дополнително зависи од апаратот на кој се работи и институцијата. Во принцип ставот е дека после два или три месеци од прележувањето на болеста може да се прими вакцина против Ковид-19.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека при тоа не се само антителата доказ дека има имунитет против вирусот.

– Некогаш останува таканаречениот клеточен имунитет, а тоа значи дека веднаш кога ќе дојде повторно во контакт организмот ќе почне да лачи антитела кои во даден момент можеби се немерливи, посочи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот