Филипче: Анализите на МАНУ покажаа дека нема мутација на коронавирусот во земјава

Фото: mia.mk

Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Иако е присутен истиот вирус, тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, сè уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот