„Филип Морис” повика на забрана на цигарите: Продажбата треба да биде забранета од 2030 година

Архива на сп

Извршниот директор на тутунската компанија „Филип Морис интернејшнл”, Јацек Олчак ја повика Британската влада да ги забрани цигарите во рок од една деценија, вклучително и брендот „Малборо”, кој го произведува оваа фабрика.

Тој рече дека компанијата може „да го види светот без цигари”, а всушност, колку побрзо тоа се случи, толку подобро за сите.

– Цигарите треба да се третираат како бензинските автомобили, чија продажба треба да биде забранета од 2030 година, рече Олчак.

Тој смета дека Владата може да ја запре конфузијата кај пушачите, од кои некои сè уште сметаат дека „алтернативите се полоши од цигарите”.

– Со правилни регулативи и информации, во некои земји проблемот со пушењето може да се реши еднаш и засекогаш за 10 години, рече тој.

„Филип Морис” неодамна објави дека се стреми половина од својот промет да бидат производи за непушачи, и се претвора во „компанија за здравствени и велнес услуги”, чија нова мисија е свет без цигари. Како и да е, компанијата се најде на удар на кампањите против пушењето, кои ја обвинија за лицемерие откако таа покрена понуда за преземање на британската фармацевтска компанија „Вектура” за инхалатори за астматичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот