Филхармонија со „Лудориите на Чаплин“ ќе настапи на отворено во Градскиот парк во Скопје

Традиционалниот концерт на отворено на оркестарот на Филхармонија годинава ќе се одржи на 24 јуни, со почеток во 21 часот, во Градскиот парк во Скопје, а ќе биде посветен на генијалниот Чарли Чаплин.

Оркестарот на Филхармонија ќе ја свири музиката од филмот „Детето“ од 1921 година, а паралено ќе оди и проекција на истоимениот филм. Диригент е Џијан Емин.

– Со својата неверојатна умешност преку превезот на комичното да детектира и презентира различни човечки состојби и емоции, Чарли Чаплин целосно ја трансформираше светската кинематографија. Посебно во жанрот на комедијата, на која ѝ даде сосема нова естетска и социјална димензија.

Неговите комедии се сплет од комедија и длабоки емоции, и се фокусираат на важни аспекти од секојдневниот живот. Со други зборови, можеби неговите филмови се смешни бидејќи носи големи чевли и тесно палто, но зад ликот на Скитникот и неговите авантури се крие трагичноста на социјалниот живот на времето во кое биле создадени.

Со таа трагичност, скриена зад превезот на комичното, публиката можела целосно да се идентификува за време на исклучително тешкиот период на Големата депресија во САД.

Таков е и неговиот филм „Детето“. Спој на трагично и комично, на длабоки емоции вешто проткаени во наративот на приказната – посочија од НУ Филхармонија.

Традиционалниот концерт на отворено, насловен „Лудориите на Чаплин“ се реализира со поддршка на Министерството за култура на РСМ, а локацијата ја обезбеди Градот Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот