Филхармонија со концерт во парк ги спои сите генерации
Градскиот парк мината вечер беше преполн со граѓани кои дојдоа да го проследат концертот на отворено. Диригентот, Џијан Емин со оркестарот ги отсвири музичките теми од култните цртани од детството како „Балтазар“, „Ну Погоди“, „Как Казаки“, „Козле Бозле“, „Густав“, „Балтазар“, „Мечето Ушко“.
Концертот, што го носеше името „Ну Погоди“ е прв од двата концерти што беа најавени од Филхармонија, во соработка со Град Скопје.
Вториот ќе се одржи следна сабота, на 29. јуни и го носи името „Љубов и револуција“. Тука ќе бидат изведени популарни музички теми од сферата на поп-рок и панк-музиката: „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Ролинг Стоунс“, „Пинк Флојд“, Дејвид Боуви, „Рамштајн“ итн.