Филаделфија: Уапсени се осомничените лица за убиството на Милан Лончар

Фото: 6abc.com

Полицијата во Филаделфија соопшти дека се уапсени лицата кои се осомничени за убиство на 25-годишниот Милан Лончар кој во средата беше усмртен со истрел од пиштол додека го шеташе своето куче во Пенсилванија, пренесе РТС цитирајќи локални медиуми во САД.

Полицијата не ги соопшти имињата на осомничените, ниту нивниот број.

ВИДЕО: Уличните камери го снимија свирепото убиството на Милан во Филаделфија: Му пребаруваа по џебовите и го ликвидираа а тој до последен здив се мачел да си го спаси кучето

Милан Лончар беше убиен во средата додека го шетал својот миленик во американската сојузна држава Филаделфија, а полицијата претходно соопшти дека му пришле двајца мажи од кои еден вперил пиштол во него.

Се обиделе да му ги претресат џебовите по што еден од напаѓачите му испукал куршум во гради. Пола час подоцна, Лончар починал во локалната болница, пренесува РТС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот