Филаделфија одвои богатство за Симонс – Слободен печат
КошаркаСпорт

Филаделфија одвои богатство за Симонс

Филаделфија му понуди 170 милиони долари на Бен Симонс за петгодишен договор.

Филаделфија севентисиксерс сака по секоја цена да го задржи еден од најдобрите кошаркари во тимот но и во НБА лигата, Бен Симонс.
Според „ЕСПН“, Филаделфија му понуди дури 170 милиони долари на Симонс за петгодишен договор.

Според телевизијата, сумата која ја нуди Филаделфија е прифатлива за Симонс и се очекува до средината на октомври да биде потпишан.
Бен Симонс беше прв избор на драфтот во 2016 година, а минатата година беше прогласен за дебитант на годината.

Австралиецот кој ќе ја предводи својата репрезентација на СП во Кина, има 22 години, а минатата сезона просечно постигнуваше по 16.9 поени, 8.8 скокови и 7.7 асистенции по натпревар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close