Филаделфија ги скроти „биковите“ за 50 триумф (ВИДЕО)

EPA/MIKE NELSON

Екипата на Филаделфија сиксерс со триумфот од 116:96 над Чикаго булс дојде до јубилејната 50. Победа во сезоната, Одлучувачки момент за триумфот беше третата четвртина која Филаделфија ја реши со 29:19 и стекнатото водство знаеше како да го сочува до крајот на мечот.
Џ.Џ. Редик со 23 поени беше најпрецизен кај победничкиот тим, а Џоел Ембид имаше учинок од 20 поени и 9 скокови.

Бруклин нетс на најдобар начин го искористи неиграњето на главната ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокумпо и со 133:128 го совлада лидерот на Истокот.
Деанџело Расел со 25 поени и 10 скокови беше најдобар во редовите на Бруклинм а Верт уфрли 24 поени.

Бруклин со победата дојде до скор од 40 победи и порази со кој се наоѓа на шестото место во Источната конференција, а идентичен скор има и Орландо , додека Детроит има победа помалку на два натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот