Фил Невил поради слабите резултати го напушти Интер Мајами

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Раководството на Интер Мајами го отпушти тренерот Фил Невил поради лошите резултати. Во средата Интер загуби од Њујорк Ред Булс со 1:0 и го претрпе 10 пораз во последните 13 првенствени натпревари.

Тимот од Мајами е последен на табелата во Источната конференција по 15 одиграни натпревари.

Невил го презеде тимот во јануари 2021 година и му помогна на клубот да стигне до плејофот на МЛС Купот.

– Понекогаш во овој спорт мораме да ги донесеме најтешките одлуки. За жал, мислиме дека е време за промена. Сакам да му се заблагодарам на Фил за неговата напорна работа, страста за клубот и интегритетот – изјави косопственикот на Интер и поранешен англиски репрезентативец Дејвид Бекам, пренесе „Би-би-си“.

Невил три години беше селектор на женската фудбалска репрезентација на Англија кога го напушти тимот и го презеде Интер Мајами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот