„Фил(м)ософија за деца“ со д-р Јоана Хокен

Во рамките на 9. Филозофски Филмски Фестивал во делот на Едукативната програма и како втор „Фил(м)ософија за деца“ настан во нашата земја, специјална гостинка на Филозофското друштво на Македонија ќе биде Јоана Хокен (Johanna Hawken) од Франција.

На 3 мај (петок) д-р Хокен ќе одржи отворено предавање на Филозофскиот факултет во Скопје со почеток од 12.30 часот, на тема: „Филозофијата за деца и истражувањето на светови“, а попладнето (16.30 часот, Француски институт) ќе одржи и Работилница за оние кои се заинтересирани за продлабочено истражување/практикување на оваа област, со наслов: „Фиктивни светови, реални светови: Филозофијата за деца преку филмот“. Учеството на Работилницата е ограничено и се одвива преку пријавување, односно со пополнување на формата на следниот линк: https://bit.ly/2XkvOl7.

Исто така, изутрината во 9.00 часот (на затворен настан), во ОУ „Димитар Миладинов“, гостинката од Франција ќе одржи Филозофска работилница за деца: „Дали имагинацијата е моќна?“, односнo практична демонстрација на методите.

Програмата е организирана со поддршка на Агенцијата за филм, Град Скопје, Францускиот институт во Скопје и Филозофскиот факултет при УКИМ, а оваа година и со поддршка на единствената УНЕСКО катедра за филозофија за деца во светот – Chaire Unesco „Pratiques de la philosophie avec les enfants: une base éducative pour le dialogue interculturel et la transformation sociale“ и нејзината раководителка, проф. д-р Едвиж Ширутер (Edwige Chirouter).

Како би изгледала една филозофска практика со деца инспирирана од филмот? И, како, во францускиот „град на филозофијата“, Романвил, се работи филозофија со граѓани од сите возрасни групи и различна животна преокупација во „Куќата на филозофијата’“ (https://maisondelaphilo-romainville.org)? На крајот, какви би можеле да бидат придобивките од практикувањето на филозофијата со деца, дисциплина и практика која сесрдно ја препорачува и поттикнува УНЕСКО?

Повеќе информации за програмата можете да најдете на веб-сајтот: www.philosophicalfilmfestival.mk или на ФБ страницата: Филозофски Филмски Фестивал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот