Фијаското со Суперлигата ќе ја земе „главата“и на Перез?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез/Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Претседателот на Реал Мадрид се наоѓа пред огромен притисок поради пропаста на Суперлигата.

Фудбалот денеска дефинитивно победи и тоа највеќе поради навивачите кои го запреа проектот европска Суперлига. Не само што Суперлигата доживеа вистински бродолом бидејќи екипите почнаа да се откажуваат од овој проект, туку почнаа да фрчат и оставки.Челси, Манчестер сити, Атлетико Мадрид и Барселона најавија дека започнале процедура за повлекување од Суперлигата, додека едни од најголемите заговорници си поднесоа оставки.

ВИДЕО | Стојмановски: Тешко дека ќе помине идејата за Супер лига, клубовите ќе водат војна со своите фанови и со владите

Прво Ед Вудворд си поднесе оставка од функцијата извршен потпретседател на Манчестер јунајтед, а неколку минути подоцна истото го стори и Андреа Ањели кој повеќе не е претседател на Јувентус.
Но, се очекува оставките да не запрат тука, и прашање на часови или денови е кога ќе си замине и најголемиот заговорник на Суперлигата, Флорентино Перез.
Перез беше избран за претседател на Суперлигата и кој пред камерите го фалеше овој проект притоа напаѓајќи ја УЕФА, но според медиумите тој по пропастот на проектот се наоѓа пред огромен притисок и се очекува многу брзо да си поднесе оставка од претседателската функција во Реал Мадрид.

УЕФА ја добива војната со Суперлигата, и Ањели си замина од Јувентус

Челси повлече нога, сега и шпанските Атлетико и Барселона се пред откажување, Мегваер и соиграчите го натераа и Јунајтед да ретерира

Уште еден англиски клуб се двоуми околу Суперлигата, битката за милијардите може да се префрли во судовите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот