Фиго: Европската премиер лига ќе го уништи фудбалот
Идејата на ФИФА потпомогната од богати бизнисмени да лансира ново натпреварување – Европска премиер лига може да биде погубна за фудбалот.
Лигата на шампионите се враќа, без македонски фудбалери сезонава
Желбата на ФИФА е најголемите екипи во Европа да играат во една лига, нешто како кошаркаркарската Евролига и веќе има неколку клубови како Ливерпул, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид кои дале зелено светло за новото натпреварување.
Но, има и големи противници на оваа идеја на ФИФА, а меѓу нив еден од погласните е португалската легенда и поранешен играч на Барселона и Реал Мадрид, Луис Фиго, кој смета дека алчноста на одредени моќници ќе го уништи фудбалот.
– Тоа што го прочитав како идеја за создавање на Суперлига ќе го уништи фудбалот кој ние го знаеме. Се се сведува на алчност и чување на овој спорт за само неколку елитни екипи, а ќе ги убие сите останати екипи и лиги кои ги сакаат навивачите. Фудбалот треба да обединува и сите мора да бидеме против ова идеја – порача Фиго.