ФИФА за првпат по 35 години ги менува правилата за баражот за СП

Последните две репрезентации кои ќе обезбедат пласман на СП ви Катар ќе бидат познати во јуни идната година/ фото: EPA/DOMINIC STEINMANN

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека последните два патници на Светското првенство во Катар ќе бидат познати по баражите кои ќе се одржат во јуни идната година и на кое ќе учествуваат репрезентациите членки на АФЦ (Азија), Конкакаф (Северна и Средна Америка), Конмебол (Јужна Америка) и ОФЦ (Океанија).

Репрезентациите од Азија, Јужна Америка, Северна и Средна Америка и Океаниа наместо досегашните два натпревари, ќе играат само еден и тоа на неутрален терен.

Термините на одигрување на бараж натпреварите се 13. и 14. јуни 2022 година кога ќе бидат познати последните две репрезентации кои ќе настапат на Мундијалот во Катар.
Ова е прв пат по СП во Мексико 1986 година, ФИФА да ги смени правилата за бараж натпреварите.

Преку европските бараж натпревари, три репрезентации ќе обезбедат пласман на СП во Катар, а меѓу 12 селекции кои ќе се борат за настап на Мундијалот е и Македонија.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот