ФИФА тврди: Светско на секои две години, така сакаат навивачите!

Франција е актуелен светски фудбалски шампион/Москва, Русија/15 јули 2018/Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Сè оди до фактот дека ќе го гледаме Светското првенство на секои две години. Идејата се роди, беше турната од земјите од Блискиот Исток и сè чини дека има повеќе поддржувачи.

Впечаток е дека само моќни европски земји се експлицитно против ваквата идеја. ФИФА денеска посочи уште еден адут што зборува во корист на оваа револуционерна промена: „Навивачите“!

Би-Би-Си“ објави дека од Светската куќа на фудбалот е направено опсежно истражување, анкета меѓу фудбалските фанови кои се во огромно мнозинство за Светското првенство на секои две години, наместо на четири како што беше досега.

Наводно, интервјуирани се 23.000 луѓе од 23 земји, а околу 15.000 навивачи ја поддржуваат идејата за скратување на периодот помеѓу Мундијалите.

– Постојат разбирливи разлики помеѓу таканаречените традиционални пазари и оние кои сè уште се развиваат. Помладите генерации од сите региони се поотворени и заинтересирани за промени отколку постарите генерации – стои во соопштението на ФИФА.

Бројот на учесници се зголемува со години, сега, очигледно, време е да го гледаме Светското првенство почесто отколку во овие скоро 100 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот