ФИФА со резерва ја поддржа УЕФА, нема цврст став во една работа

ФИФА доби уште еден моќен противник во реализација на идејата СП да се игра на секои две години/ фото: EPA-EFE/STEFFEN SCHMIDT

ФИФА повикува на мир и дијалог додека во европскиот фудбал има досега невиден судир на идеологии.

Суперлигата стана реалност кога доцна синоќа Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Челси, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем го формираа новото натпреварување кое ќе биде привилегија само на одбраните.
УЕФА веднап се закани со остро соопштение во кое најави ригорозни казни за сите екипи кои ќе играат во Суперлигата, а меѓу нив се исфрлање од европските и домашните натпреварувања како и дека нивните играчи нема да можат да играат за репрезентациите.

Но, Светската фудбалска федерација (ФИФА) беше далеку поблага и објави дека „не се согласува“  со Суперлигата, но за разлика од УЕФА, тие не се заканија со казни и повикаа на дијалог и мир.
„ФИФА сака да појасни дека цврсто стои зад солидарноста во фудбалот и моделот на еднаква редистрибуција која може да го развие фудбалот на глобално ниво, што е и основната мисија на ФИФА.
Според нашите статути, секое фудбалско натпреварување, глобално, регионално или национално, мора да ги рефлектира вредностите на солидарноста, како и подеднаквата финансиска поделва. Исто така управувачките фудбалски тела мора да ги искористат сите правни, спортски и дипломатски средства за да се почитуваат тие статути.
ФИФА може само изрази несогласување со „затворената европска лига“.
ФИФА секогаш се залага за единство во фудбалот и ги повикува сите страни на мирен, конструктивен и балансиран дијалох за доброто на фудбалот“, стои во соопштението на ФИФА.

Зошто ПСЖ не е дел од Суперлигата?

Богатите не се плашат од УЕФА, познато е кој ќе биде главен во Суперлигата вредна пет милијарди евра

Невил удри по алчните премиерлигаши: Ова е криминал, исфрлете ги Јунајтед, Ливерпул и Арсенал од лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот