ФИФА планира да ги тужи Блатер и Платини

twitter/Bleacher Report

Причината за оваа тужба е настанот од 2011 година, кога Блатер како прв човек на ФИФА одобри нешто што подоцна беше наречено „нелојална исплата“ кон Платини. Подоцнежната истрага утврдила дека нема никаква основа за оваа исплата и дека таа треба да се смета како подарок.

Комитетот на ФИФА едногласно одлучи парите да се вратат во Федерацијата, а исто така и да се бара и камата. Засега тужбата не е поднесена и се очекува во најскоро време тоа да се случи.

Сеп Блатер во 2005 година ја напушти претседателската функција на која беше 17 години, поради корупциски скандал и моментно ја одраборува шестгодишната суспензија. И тој и Платини се суспендирани до 2023 година поради копупција, иако тие негираат дека направиле нешто спротивно на правилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот