ФИФА отвори постапка и против Мексико

Фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

Светската фудбалска федерација ФИФА покажува дека нема да има толеранција за никого, па така после Еквадор отвори и постапка против Мексико. ФИФА ја објавини мексиканската асоцијација за скандирање на навивачите за време на натпреварот против Полска.

Не се објавени детали за скандирањето, меѓутоа од трибините можеше да се слушне како Мексиканците испраќаат навреди кон Роберт Левандовски кој во второто полувреме не реализираше пенал.

„Отворена е постапка против Мексиканската фудбалска асоцијација поради скандирање на мексиканските фанови за време на натпреварот на Светското првенство на натпреварот помеѓу Мексико и Полска одигран на 22. ноември“, објави ФИФА во своето соопштение.

Обвинението против Еквадор ФИФА го отвори после првиот натпревар во кој Евкадор го победи домаќинот Катар со 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот