ФИФА одобри продолжување на договорите на играчите

твитер

Воедно од светската фудбалска куќа предлагаат и преместување на релевантните преодни рокови..

Голем број на играчи во Европа имаат договори до 30 јуни, па од Светската фудбалска куќа дадоа предлог да им бидат продолжени нивните договори додека не заврши сезоната.

Од друга страна, пак, поради пандемијата на коронавирусот ниту во Топ 5 европските фудбалски лиги не се знае кога и како ќе продолжи натпреварувачката сезона 2019/20.

Истиот принцип би требало да важи и за договорите кои треба да почнат на почетокот од новата сезона, односно стартот на тие договори се одложат до официјалниот почеток на натпреварувањата во сезоната 2020/21.

ФИФА, исто така, даде предлог и да се премести претстојниот летен преоден рок.

– ФИФА ќе биде флексибилна и ќе дозволи преместување на релевантните преодни рокови и спаѓаат помеѓу крајот на старата и почетокот на новата сезона.

Во исто време, ФИФА ќе се обиде да обезбеди, каде што е можно, севкупно ниво на координација и ќе ја има во предвид потребата да се заштити регуларноста, интегритетот и правилното функционирање на натпреварите, така што спортските резултати од кое било натпреварување не се неправедно нарушени – соопштуваат од светската фудбалска куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот