ФИФА објави 10 имиња кои би можеле да се најдат на Мундијалот во Катар

Голот на Горан Пандев против Грузија во баражот за ЕП 2020/фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Утре и официјално ќе започнат евроквалификациите за пласман на следното Светско првенство кое ќе се одржи наредната година во Катар, а за неколку недели и на африканскиот континент.

Македонската А репрезентација својот прв натпревар ќе го има в четврток во Букурешт против селекцијата на Романија.

Денеска светската фудбалска куќа (ФИФА) објави имиња кои би можеле да се најдат на наредниот Мундијал, а помеѓу нив е и нашиот најискусен репрезентативец, Горан Пандев.

Еден голем сон со репрезентацијата е остварен за „Гранде Пандев“, а тоа е пласман на Европското првенство, останува да се види дали може да ја круниса кариерата и со настап на едно СП.

ФИФА објави 10 имиња, со полни 28 години и над, кои се надеваат дека ќе го вкусат Мундијалот:

– Пјер-Емерик Обамејанг (Габон) 31 година
– Герет Бејл (Велс) 31 година
– Атиба Хачинсон (Канада) 38 години
– Ву Леи (Кина) 29 години
– Хенрик Мхитарјан (Ерменија) 32 години
– Јан Облак (Словенија) 28 години
– Горан Пандев (Македонија) 37 години
– Виржил ван Дајк (Холандија) 29 години
– Вилфрид Заха (Брегот на Слоновата коска) 28 години
– Дуван Запата (Колумбија) 29 години

ФОТО: Нека биде победнички скок, се темпира формата за мечот со Романија!

За Пандев се вели дека има 37 години, 114 настапи за македонската репрезентација со 36 постигнати голови. Во квалификациската група за СП противници ни се Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Напаѓачот ги уживаше најдобрите години во римскиот Лацио, пред да му се придружи на Интер од Милано со кој успеа да ги освои Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите во една сезона 2009/2010. И натаму игра во Серија А во дресот на Џенова со која продолжува стандардно да ги тресе противничките мрежи.

Македонија никогаш не завршила меѓу најдобрите три во една квалификациска група за СП, но затоа ги отвори вратите за првпат пласирајќи се на едно големо натпреварување, во овој случај ЕП кое треба да се одржи годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот