ФИФА објасни зошто голот на Јапонија е регуларен

Фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Репрезентацијата на Јапонија вчера направи изненадување совладувајќи ја Шпанија со 2:1 и така се пласираше помеѓу најдобрите 16 селекции на Светското првенство.

Но, на оваа средба имаше и еден контроверзен момент при голот на Танака за водство на Јапонците. Голема дилема се отвори дали топката го напушти теренот пред Каору Митома да ја врати во поле.

Погодокот беше признат по прегледувањето на ВАР снимките. Покрај тоа ситуацијата предизвика многу реакции за најголем дел од јавноста на снимките беше очигледно дека топката го напушта теренот.

ФИФА во својата реакција посочува дека топката не ја поминала во целост линијата, поточно дека одредени агли не можеле да бидат видливи за камерата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот