ФИФА: Нов формат од 24 екипи, великаните не сакаат да играат!? – Слободен печат
СпортФудбал

ФИФА: Нов формат од 24 екипи, великаните не сакаат да играат!?

Според новите правила, 24 екипи ќе бидат поделени во осум групи по три екипи, а лидерите во групите ќе завршат во четвртфиналето на турнирот.

Светската фудбалска куќа ја изгласа промената на форматот на клупското Светско првенство, а денеска стигна и потврда дека 25 наспрема седум беше резултатот од членовите на Извршниот одбор на ФИФА кои сакаа промени.

Идејата е натпреварувањето на новиот формат да го замени Купот на конфедерациите во календарот на ФИФА, а додатно ќе го одреди распоредот на натпреварите од турнирот кој започнува во лето 2021 година и кој се игра во Кина.

Според новите правила, 24 екипи ќе бидат поделени во осум групи по три екипи, а лидерите во групите ќе завршат во четвртфиналето на турнирот.

Во писмо упатено до првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, потпишано од 15 членови, вклучувајќи звучни клубови како Јувентус, Манчестер јунајтед, Барселона и Ајакс, Европското здружение на клубови е „одлучно против било какво одобрение на ревидирано клупско Светско првенство во овој момент и потврдува дека ниту еден клуб од ова здружение не сака да сорботува на такво натпреварување“.

Европските претставници ќе бидат победниците од Лигата на шампионите (2018, 2019, 2020 и 2021 година), а другите четири клуба ќе бидат победниците од Лига европа. Тоа значи дека свое место на турнирот обезбедија Реал, Ливерпул, Атлетико и Челзи.

Покрај осум европски клубови, на првенството ќе има уште шест од Јужна Америка, три од Азија и Африка, и еден од Океанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close