ФИФА нема да ги прогласува најдобрите за 2020 година

twitter.com/OhMyVAR

Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради пандемијата на коронавирусот објави дека нема да ги доделува наградите „The Best“ за најдобрите фудбалери во годината.

Манифестацијата требаше да се одржи во Милано во септември годинава, а ФИФА размислува и да не се додели наградата „Златна копачка“ за најдобриот стрелец во националните првенства бидејќи неколку шампионати, како францускиот и холанскиот, се завршени.

Се уште не е познати дали и францускиот магазин „Франс фудбал“ ќе ја додели „Златната топка“ за најдобриот фудбалер на стариот континент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот