ФИФА не може без скандали: Швајцарците отворија истрага против Инфантино

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Швајцарското обвинителство отвоеи службена истрага против претседателот на ФИФА поради криминални активности.

Џани Инфантино засега се терети за непознати криминални активности со поранешниот швајцарски јавен обвинител Михаел Лаубер, против кого исто така е отворена истрага.

Тајните состаноци со претседателот на ФИФА го избркаа швајцарскиот јавен обвинител

Лаубер минатата недела си поднесе оставка од функцијата бидејќи иако ги истражувал скандалите во ФИФА, имал тајни средби со Инфантино.

„Лаубер минатата недела си поднесе оставка откако беше утврдено дека на суд лажел да средбата со Инфантино и тоа во моментите кога неговата канцеларија вршела истрага за корупцијата во ФИФА. Лаубер и Инфантино демантираа дека се вмешани во криминални активности
“, тврди новинската агенција Ројтерс.

Инфантино на претседателската функција го наследи Сеп Блатер кој во 2015 година си даде оставка поради корупциски скандали во светската куќа на фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот