ФИФА не го дава Инфантино, ќе остане претседател и покрај истрагата

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, може да остане на својата функција и не треба да биде сменет иако се води истрага против него.

Швајцарското специјално обвинителство минатата недела започна истрага против Инфантино поради неговите тајни состаноци со поранешниот специјален обвинител кој водеше истрага за корупција во ФИФА.

Ништо не го попречува претседателот да ги извршува своите должности. Тој ќе продолжи нормално да ги уизвршува своите функции во ФИФА“, стои во соопштението на светската куќа на фудбалот.

Претходникот на Инфантино, Сеп Блатер, кој во 2015 година беше сменет од челната позиција поради мито и корупција и има забрана за учество во фудбалот до 2021 година, го повика Етичкиот комитет на ФИФА да го суспендира актуелниот претседател.
„Претседателот на ФИФА е предмет на истрага на швајцарските власти, но не е обвинет за ништо. ФИФА и нејзиниот претседател ќе соработуваат со судските власти, до завршување на истрагата“, наведува ФИФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот