ФИФА најави: Светско клупско првенство со 30 екипи!

фото: твитер

Светската фудбалска федерација, ФИФА, има многу амбициозни планови околу иднината на клупското светско првенство, па финансиски дури и да ја надмине Лигата на шампионите на УЕФА.

ФИФА има девет понуди за маркетиншки и телевизиски права, а од 2021 година, првенството ќе биде со нов формат и 24 клуба учесници, кои во првата фаза би играле во групи. Во 2021, Светското клупско треба да се игра во Кина.

– Светското клупско првенство ќе стане најдоброто на светот, и според квалитетот на тимовите и според приходите. Работиме на тоа. ЛШ генерира приходи од сите страни на светот, а парите одат само во Европа. Нашата мисија е парите да одат секаде низ светот. Добри би било ако еден ден имаме и 30 тима на светското клупско првенство – изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Моментно овој настап се одржува во Доха, а в сабота ќе се игра финалето помеѓу европскиот шампион Ливерпул и најдобриот од Бразил, Фламенго од 18.30 часот.

Претходно во натпреварот за третото место мексиканскиот Монтереј ќе ги одмери силите против Ал Хилал од Саудиска Арабија од 15.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот