ФИФА на 30. септември ќе одлучува за идејата Мундијалот да се игра на секои две години

ФИФА на крајот од месецот ќе ја претстави идејата Мундијалите да сеиграат на две години/20 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/Kurt Schorrer

Претставниците на фудбалските федерации се повикани на онлајн самит на 30. септември на кој ФИФА ќе го презентира својот предлог Светското првенство да се одржува на секои две години.

ФИФА започна да работи на оваа студија по предлог на фудбалската федерација на Саудиска Арабија, а еден од најгласните заговорници е поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер кој сега е шеф во ФИА за глобален развој на фудбалот.

На самитот кој ќе се одржи на 30 септември на кој главна тема ќе биде токму идејата Мундијалите да се одржуваат на секои две години се повикани претставниците на сите фудбалски федерации, Форумор на светските фудбалски лиги, Асоцијацијата на европски клубови и асоцијацијата на фудбалери ФИФпро.

„Консензус е дека е потребна реформа на календарот за репрезентативни натпревари. Разговорите ќе започнат во наредните недели. Ова е една од неколку можности да направиме отворена и конструктивна дебата на глобално и на регионално ниво. Бидејќи ова е фудбалски проект, глобалните интереси на фудбалот треба да бидат на прво место. Процесот започнува од фудбалерите и тренерите од сите делови на светот“, стои во соопштението на ФИФА.

Најголем противник на идејата на ФИФА за одржувањето на СП на секои две години, се УЕФА и нејзиниот претседател Александар Чеферин.

Видео на денот