ФИФА им објави војна на менаџерите

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

ФИФА одлучи да им стави крај на малверзациите при трансферите на фудбалерите и постојаното кршење на финансискиот фер плеј. Според шпанскиот весник „Марка“ проблемите би се решиле доколку ФИФА основа „Банка на ФИФА“ и преку таа институција би поминувале сите трансакции при трансферите. „Банката на ФИФА“ би ги префрлала средствата на екипите, фудбалерите или на менаџерите. Со тоа би се елиминирале сите матни работи при реализацијата на трансферите, пишува „Марка“.

ФИФА размислува идентично, ќе формираат тело кое ќе ги надгледува сите фудбалски трансакции и ќе се грижи секоја секоја уплата да оди на сметката на примателот на парите, а не на осредници или „трета страна“. Според испитувањата на ФИФА, околу 50 милиони евра не им се исплатени на клубовите како „тренинг компензација“ за играчите од 12 до 23 години.

Челниците на ФИФА размислуваат и да го ограничат бројот на играчи кои можат да бидат под договор со една екипа. Заслугите за оваа промена одат на сметка на Челси кој има 53 фудбалери на позајмица, а неверојатни 100 играчи се под договор со тимот од Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот