ФИФА даде зелено светло, на екипите им се дозволуваат по пет замени

Бордот на ФИФА донесе одлука да се воведат пет замени за време на натпртеварите наместо досегашните три.

Двомесечниот прекин од фудбалските натпревари сигурно е дека ќе остави трага кај фудбалерите кои ризикуваат сериозни повреди посебно поради згуснатиот распоред на натпревари кои ги очекува до крајот на сезоната.

Поради тоа, ФИФА денеска донесе одлука да се зголеми бројот на замени кои може секоја екипа да ги направи. Според новата одлука која веднаш стапува на сила и се однесува за сите натпреварува кои се започнати или наскоро ќе започнат, а по распоредот се завршуваат до 31 декември, секоја екипа ќе може да направи по пет замени.

Во ФИФА најдоа начин како да не се намали динамиката на натпреварите и играта да не се прекуна често. Одлучено е екипите петте замени да можат да ги извршат во три наврати, не сметајќи на можноста да се направи некоја замена и на полувремето.

Прочитајте и...  Ноле е неуништлив: Уште една недела на тронот, еве колку останува до рекордот!

Оваа одлука е привремена и ќе важи до крајот на годината, а челниците на ФИФА дополнително ќе донесат одлука дали новото правило ќе се применува и во 2021 година.

Поврзани вести

Алиоски од клупата го гледаше поразот на Лидс! (ВИДЕО)

Слободен печат

Пирло: Дибала е голем шампион и наскоро ќе биде на терените!

Слободен печат

Ѓоковиќ го стигна Надал и запиша нов рекорд

Слободен печат

Лацио повторно во ЛШ: УЕФА потсети на мајсторијата на Пандев против Реал! (ВИДЕО)

Слободен печат

Голманот на Евертон без казна за повредата на Ван Дајк!

Слободен печат

Солскјер изненади со списокот на играчи пред дуелот со ПСЖ

Слободен печат

Остави Коментар