ФИФА без толеранција, за расистички испади ќе се испаѓа од лига

Светската фудбалска федерација (ФИФА) најави построги казни во борбата против расизмот, а ажурираниот Дисциплински правилник ќе почне да се применива од понеделник, 15 јули.

По речиси 15 години без големи промени во Дисциплинскиот кодекс, новата верзија е изработена во договор со сите шест конфедерации но и со други клучни фудбалски тела. Тој е подобро структуиран, појасен е, и е намален од 147 на 72 членови.

Промените во кодексот дојдоа по зголемениот број на инциденти на натпреварите од националните шампионати во минатата сезона, но и на меѓународни натпреварувања.

На пописот на казни во новиот дисциплински кодекс се, играње натпревари без гледачи, играње на неутрален терен, одземање бодови, исфрлање во понизок ранг на натпреварување, исфрлање од турнир или идни натпревари но и повторно одигрување на натпревари.

Најмалата забрана за фудбалерите или службени лица се зголемува од пет на 10 натпревари, а на жртвите на расистички испади и напади ќе им биде овозможено да даваат искази во дисциплинските постапки.

Ажурираниот дисциплински правилник исто така го проширува опсегот на тоа што се смета дискриминациско однесување на се што се однесува на раса, боја на кожа, етничка, национална или друштвена пропадност, пол, инвалидитет, сексуална ориентација, јазик, вера, политичко мислење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот