Фиџи го регистираше првото лице позитивно на коронавирусот по 78 дена без ниту еден случај

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Властите во државата Фиџи, по 78 дена без регистрирани случаи на Ковид-19 на архипелагот, денеска соопштија дека едно лице е позитивно на коронавирусот.

Премиерот на Фиџи, Франк Баинмарама изјави дека 66-годишен маж, кој бил тестиран во карантин по пристигнување од Индија, е позитивен за вирусот.

Станува збор за 19-ти случај на коронавирус во оваа островска држава во јужниот дел на Тихиот океан.

По пристигнувањето на Фиџи, сите лица одат во задолжителен 14-дневен карантин финансиран од владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот