Фидан – Мицкоски: Продлабочување на економската и политичката соработка

Мицкоски и Фидан на средба во владата/Фото: Влада на РСМ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска остварил средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан на која се разговарало за долгогодишното пријателство помеѓу двете држави, за актуелната политичка и економска состојба, како и за напредокот на Северна Македонија кон Европската Унија.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Мицкоски истакнал дека економската и политичката соработка помеѓу двете држави е од огромно значење и дека има потреба од нејзино понатамошно продлабочување. Во тој контекст, биле дискутирани можностите за зголемено учество на турските компании во македонската економија и за нови инвестиции од Турција.

Како НАТО сојузници, Мицкоски и Фидан ја нагласиле, се посочува, важноста на мирот и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека дипломатијата останува клучна за решавање на сите конфликти.

-Мицкоски нагласи дека турското пријателство е од огромна важност за нашата земја, а турската заедница има значаен придонес во општествениот живот и економијата на Македонија. Воедно, беше истакнато дека Турција е докажан поддржувач и пријател на нашата земја и дека постои простор за продлабочување на односите во повеќе области, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот