Фицо: Со потврда или не од лабораторијата во Лондон, сигурни сме дека нови мутации на ковид-19 во Албанија постојат

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Директорката на Институтот за јавно здравје Албана Фицо потврди присуство на нови мутации на Ковид-19 во Албанија.

На денешниот средба на Комитетот на експерти, Фицо рече дека има секојдневна комуникација и информации со лабораторијата каде што се испратени примероците, но дека има ред во аналзирањето на примероците.

Сепак, додаде дека со потврда или или без од лабораторијата во Лондон има основани сомнежи за присуство на британска и африканска варијанта.

-Примероците беа испратени во најдобрата лабораторија во светот. Информациите и комуникацијата се секојдневни. Нема приоритет, има редици, ги испративме и треба да почекаме. Со потврда или без неа, имаме бројки за основано сомневање, имаме променета динамика на старосната стуктура на заразените, како и фактот дека веднаш се соочивме со зголемување на позитивноста, кои, со потврда или без неа од Лондон, нема сомневаме дека има присуство на новите мутации, изјави Фицо.

Додаде дека 79 отсто од ново заразените во последните две недели се лица од 24 до 54-годишна возраст, упатувајќи апел за поголема будност, внимание и почитување на анти-ковид мерките.

Комитетот на експерти за справување со пандемијата денеска треба да одлучи за заострување на анти-ковид мерките,меѓу кои и зголемување на времетраењето на полицискиот час

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот