Фицо: Ќе ми биде чест да одам во Москва за да ја одбележам 80-годишнината од крајот на Втората светска војна

принтскрин/социјални мрежи

Словачкиот премиер Роберт Фицо вели дека за него било чест, во Москва, да ја одбележи 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна во 2025 година, пренесува Спутник.

„Ќе бидам многу среќен (да отидам на парадата)… Ќе ми биде чест да одам во Москва за да ја одбележам 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, пред сè, победата над фашизмот. ” Тоа е моја лична должност“, рече тој во интервју за телевизијата „Русија 24“.

Говорејќи за минирањето на Северниот тек, тој го нарече „глупост што тоа го направиле украински нуркачи“.

„Прочитавме дека некои пијани украински офицери рекле дека имале намера да го кренат во воздух (Северен тек). Се разбира, малку претерувам, но замислете како тие на чамци стигнале до местото каде што минувала цевката, скокнале во водата, нурнале неколку стотини метри, земале со себе пиротехнички средства и ги запалиле. Глупости“, рече тој.

Весникот „Зидојче цајтунг“ на 14 август објави дека германското обвинителство издало налог за апсење на украински нуркачки инструктор осомничен за учество во бомбашкиот напад на „Северен тек“. Како што објавија медиумите, се сомничат уште двајца украински нуркачки инструктори за вмешаност во саботажата. Освен тоа, германските медиуми ја обвинија Полска за недоволна соработка во истрагата за експлозиите на гасоводот. Според германските истражители, полските власти „не биле подготвени да соработуваат од самиот почеток“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот