ФИБА: Во Скопје ќе се одржи кадетското ЕП во 2021 година!

фото: kfsm.mk

Федерацијата ја потврди спремноста за организација на вака големо натпреварување од оној младински сегмент на ФИБА.

На седницата на Бордот, потврдена е пријавата на нашата федерација за организатор на Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години.

Скопје и Македонија ќе бидат организатори на континенталниот собир, потврди централата на европскиот дел на ФИБА во Минхен. На седницата на Бордот на ФИБА Европа беа утврдени домаќините на сите младински натпреварувања за наредната 2021 година.

Вклучително, и пријавата која ја испрати федерацијата со која ја потврди спремноста за организација на вака големо натпреварување од оној младински сегмент на ФИБА.

Согласно со тоа, кадетскиот Евробаскет ќе биде реализиран од страна на КФСМ во периодот од 13. до 21. август, 2021 година во нашиот главен град. Во исто време, ФИБА Европа ги потврди и местата односно градовите каде ќе се натпреваруваат уште четири наши национални селекции.

Машката селекција „Под 20“ години ќе се натпреварува на ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 16.до 25.јули ќе се одржи во Тбилиси (Грузија). Селекцијата „Под 18“ години ќе игра на ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 30.јули до 8.август ќе биде организирано во романската Орадеа.

Во женска конкуренција, КФСМ пријави две селекции.

Онаа „Под 18“ години е пријавена за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 23 јули до 1 август ќе се одржи во Оберварт, Гусинг (Австрија), додека две години помладите кошаркарки, оние до 16 години, ќе играат на ЕП од Дивизијата „Б“ кое е предвидено да се реализира во периодот од 5-14 август во Сараево (Босна и Херцеговина).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот