ФИБА Лигата на шампионите собори рекорд стар 25 години

Дури 32 екипи од 18. држави ќе играат во групната фаза на некоја од европските лиги.

ФИБА Лигата на шампионите амбициозно влегува во новата сезона и веќе пред самиот старт собори рекорд стар 25 години.

Во новото издание на ФИФА Лигата на шампионите, ќе настапат 32 екипи од вкупно 18 држави во групната фаза.

За тоа во голема мерка придонесе и исходот, односно резултатите во четирите квалификациски турнири одржани изминатата седмица во Ботевград односно во Никозија, каде пласман во друштвото на најдобрите остварија екипите на Игокеа (БиХ), Керавнос (Кипар), Цмоки Минск (Белорусија) и Бакен Беарс (Данска).

Согласно со тоа, најмногу претставници во ЛШ во сезоната 2020/2021 ќе има Турција (5), следуваат Шпанија и Франција (4), Италија (3), Грција и Израел (2), додека по еден репрезент ќе имаат Данска, Чешка, Кипар, Белорусија, Унгарија, Полска, Летонија, Германија, Белгија, БиХ, Литванија и Русија.
Сезоната ќе започне на 20. октомври, а ќе заврши се финален турнир кој ќе се игра од 7. до 9. мај, 2021 година.

ГРУПИ ЗА СЕЗОНАТА 2020/21

ГРУПА А: Бакен Беарс (Данска), Сасари (Италија), Галатасарај (Турција), Тенерифе (Шпанија)
ГРУПА Б: Нимбурк (Чешка), Дижон (Франција), Керавнос (Кипар), Тофаш (Турција)
ГРУПА Ц: АЕК (Грција), Шоле (Франција), Хапоел Холон (Израел), Цмоки Минск (Белорусија)
ГРУПА Д: Сарагоса (Шпанија), Шомбатели (Унгарија), Нижњи Новгород (Русија), Љублин (Полска).
ГРУПА Е: Перистери (Грција), Ритас (Литванија), Стразбур (Франција), Рига (Летонија)
ГРУПА Ф: Бамберг (Германија), Фортитудо (Италија), Пинар Каршијака (Турција), Билбао (Шпанија)
ГРУПА Г: Хапоел Ерусалим (Израел), Игокеа (БиХ), Лимож (Франција), Турк Телеком (Турција)
ГРУПА Х: Дарушафака (Турција), Остенде (Белгија), Бриндизи (Италија), Бургос (Шпанија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот