ФИБА ја призна грешката и ги суспендира судиите

фото: ФИБА

Репрезентацијата на Франција обезбеди пласман во четвртфиналето на Мундобаскетот со победата над Литванија во драматичен и контроверзен натпревар.

ФИБА објави дека Светското првенство заврши за тројцата судии кои ја делеа правдата на тој натпревар, а тие се Шпанецот Антонио Конде, Даниел Алберто Гарсија ниевес од Венецуела и Аргентинецот Леандро Лескано.

Кошаркарската федерација на Литванија веднаш по натпреварот вложи жалба и бараше поништување на резултатот, а одлуката на судиите во финишот од средбата го налути и литванскиот селектор Даиниус Адомаитис.

„По прегледувањето на снимката од натпреварот помеѓу Франција и Литванија кој се играше на седми септември, ФИБА одлучи  дека за време на изведувањето на последното слободно фрлање на 30.8 секунди до крајот на последната четвртина  е направена грешка.

Францускиот играч со број 27 (Руди Гобер) го допре обрачот додека топката беше на него. Правилна одлука требаше да биде доделување на поени за репрезентацијата на Литванија. Судиите од тој натпревар нема да судат во продолжението од првенството“, стои во соопштението на ФИБА.

Франција со победата го обезбеди првото место во групата Л и ќе игра во четвртфиналето, додека  Литванија е елиминирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот