ФИБА Челенџер: Втора победа на младите македонски кошаркарки во Софија

Фото: kfsm.mk

Во драматична завршница ја совладавме Швајцарија со минимални (68:67), како доказ плус за она што го имаме во оваа млада женска кошаркарска селекција (У18).

Иако имавме почетни (20:5) во првата четвртина, сосема солидни (35:23) на полувреме тоа не беше гаранција за триумф против упорните девојки од Швајцарија.

Но имавме добар финиш, малку среќа, доволно да дојдеме и до втор успех на ФИБА „Челенџерот“ во Софија, Бугарија.

Марија Димитријевиќ беше најефикасна со 20 поени (шест скокови, пет асистенции), а Ивана Чолакоска постигна 17 поени (пет скокови).

На спротивната страна прв стрелец беше Стефани Мартинез со 25 поени (четири асистенции).

Претходно на овој турнир ја совладавме и Албанија (61:49), а загубивме од Бугарија (55:64), Словенија (22:88) и Украина (52:69).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот