ФИБА „Челенџер“: Одличен старт на македонските кошаркарки во Тбилиси

Прва радост за нашата У16 селекција/Фото: kfsm.mk

Женската кадетска селекција на Македонија имаше повеќе од успешен почеток на натпреварите од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тбилиси, Грузија.

Во првото коло од групата „Е“ од ова натпреварување нашата селекција славеше убедлив триумф над Малта со 91:53. Победа кој носи уште поголема самодоверба кај младите кошаркарки предводени од селекторот Никола Златев.

Само во уводната четвртина нашите млади кошаркарки имаа рамноправен противник пред себе. На истекот на десет минути, Македонија водеше со (18:16).

Но, до крајот на премиерниот меч на теренот постоеше само една селекција-македонската. Во вториот период направивме (28:9), за високи (46:25), на полувремето.

Разлика која со одлична игра во нападот, во вториот дел од играта само ја зголемувавме и стигнавме до првите бодови.

Капитенот Алексовска реализираше 18 поени, а еден помалку имаше Николов. Покрај нив, 15 даде Стоевска, Милованова имаше 12, а Петревска уште 10 реализирани поени.

Утре (среда) од 14.00 часот, следува мечот против репрезентацијата на Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот